Го запознала Матиќ кога имала 17 години, сега имаат 3 деца и уживаат во Манчестер

Го запознала Матиќ кога имала 17 години, сега имаат 3 деца и уживаат во Манчестер

пред 4 години

Српскиот фудбалски репрезентативец, Немања Матиќ во Англија игра долги години. Неговата сопруга Александра важи за една од најубавите жени на фудбалери во Премиерлигата. Таа веќе 10 години е во брак со актуелниот фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Двајцата се запознале во 2009 година кога Александра имала само 17 години. Тогаш Немања бил анонимен фудбалер кој настапувал во словачката екипа Кошице.

По едногодишна врска, решиле да се венчаат, а церемонијата била организирана во Лондон. Од нивниот брак плод се трите дечиња, синот Филип и ќерките Теа и Аника.

Сега живеат во Манчестер, а Александра тврди дека славата нејзиниот сопруг воопшто не го променила:

„Знам дека многумина ќе речат дека идеализирам, но верувајте, тој е оној стариот, цврсто е на земја“.

Share
Scroll to Top