Освојувачката на сребрен медал во фрлање копје на ОИ во Токио, Марија Анрејчук од Полска го воодушеви светот со својот хуман гест.
Таа одлучила да го продаде сребрениот медал за да собере средства за лекување на болно дете.
Нејзиното највредно одличје во кариерата е продадено за 44.000 евра. Парите веднаш ги уплатила на родителите на малиот Милош кој го очекува компликуван оперативен зафат во САД.
„Вистинската вредност на медалот засекогаш останува во срцето. Медалот е само предмет, но може да им биде од голема корист на другите. Ова сребро може да спаси живот наместо да собира прашина во ормарот. Затоа се одлучив да го ставам на аукција. Милош има сериозна срцева мана и операцијата во САД му е неопходна“ изјави Андрејчук.
Марија пред 3 години исто така водела животна борба. Успеала да победи против еден вид на рак на коските кој го имала, па повторно му се вратила на спортот.
Борбата со болеста била тешка, хемотерапија, операција, па повторно хемотерапија – сепак успеала.
Медалот во Токио бил прва награда за упорната и храбра шампионка!