Горецка опериран, го пропушта почетокот на сезоната во Бундеслигата

Горецка опериран, го пропушта почетокот на сезоната во Бундеслигата

пред 2 години

Играчот за врска на Баерн Минхен, Леон Горецка, го оперираше левото колено, соопшти клубот. Тој ќе ја пропушти претсезонската турнеја на германскиот шампион во САД, како и почетокот на сезоната во Бундеслигата.

„Медицинскиот тим на Баерн откри аномалија на левото колено на Леон Горецка и денеска беше отстранета со артроскопија. Операцијата беше извршена според планираното и беше успешна“, објави Баерн во соопштението.

Горецка треба да биде надвор од теренот меѓу шест и осум недели.

Share
Scroll to Top