Манчестер сити со нови 3 бода се враќа од Лондон, од гостувањето кај Фулам. Резултатот во корист на „граѓаните“ беше 0-3.
Домашните успеаја во првото полувреме да одолеат на нападите на лидерот на табелата во Премиерлигата, но затоа почетокот на вториот дел им ја загорчи судбината.
За само 13 минути, од 47 до 60 минута Манчестер Сити постигна 3 гола и ја осигура победата, а притоа во составот на Гвардиола не беа Де Брујне, Гундоган, Марез, Стерлинг и Фоден кои добија поштеда.
Во 47 резултатот го отвори Стоунс, во 56 стрелец за 0-2 беше Габриел Жезус, а третиот гол за Сити беше дело на Агуеро од пенал, во 60 минута. Аргентинецот првпат по подолго време ги одигра сите 90 минути за лидерот на табелата во ПЛ.
Со вечерашните 3 бода, Сити собра 71 по 30 меча и отиде на +17 од второпласираниот Манчестер Јунајтед, кој пак има 2 меча повеќе за играње од „граѓаните“.
Фулам по поразот останува трет од дното на табелата и ќе им престои борба за опстанок во елитната конкуренција.