ГРК Охрид против Клаипеда, Алкалоид против Горење Велење

ГРК Охрид против Клаипеда, Алкалоид против Горење Велење

пред 7 часа

Репрезентите на Македонија, во ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид и Алкалоид го добија противниците со кои ќе се соочат во третото коло.

Бранителот на гтрофејот, ГРК Охрид, во второто коло немаше проблеми со Спор Тото од Турција, забележа две убедливи победи.

Во третата рунда, екипата од Охрид ќе се соочи со екипа од Литванија. На 21 или 22 ноемвир, ГРК Охрид ќе гостува кај Драгунас Клаипеда . Реванот во Охрид ќе биде една недела подоцна.

Потешка задача од ГРК Охрид, доби победникот во ова натпреварување од сезоната 2024/2025, Алкалоид.

Тимот предводен од македонскиот селектор, Кирил лазаров за противник го доби Горење Велење од Словенија.

Алкалоид ќе биде домаќин во првиот натпревар, на 21 или 22 ноември, а ќе гостува во Словенија една недела подоцна.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top