Грците одбија да играат – Одложен натпреварот Партизан-АЕК

Грците одбија да играат – Одложен натпреварот Партизан-АЕК

пред 2 дена

Реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ меѓу Партизан и АЕК и официјално беше одложен откако гостинските играчи го напуштија теренот на СЦ „Вождовац“ во Бањица поради испад на навивачите на домашниот клуб.

Тимот од Атина одби да се врати на теренот, а судбината на натпреварот ќе ја решава ЕХФ.

Навивачите на црно-белите фрлаа пиротехнички средства на теренот неколку минути пред почетокот на натпреварот, а ракометарите во жолто-црни дресови веднаш отидоа во соблекувалната. На трибините имаше и 50-тина навивачи на ПАОК од Солун кои се збратимени со навивачите на Партизан.

Белградскиот „ракометниот храм“ беше полн, многу луѓе останаа пред салата, а приврзаниците на црно-белите очигледно сакаа веднаш да им покажат на Атињаните што ги чека на реваншот во српската престолнина.

Ракометарите на Партизан на првиот меч имаа многу проблеми и притисоци во грчката престолнина, а според сведочењето на играчите од натпреварот, играчите во неколку наврати биле полеани со пиво, навредувани, па дури и влечени за дресовите.

Првиот меч во Атина АЕК го доби со 27:22.

Share
Scroll to Top