Ерлинг Халанд вечерва испиша историја во Лигата на шампионите, постигна пет гола во триумфот на Манчестер Сити од 7:0, но не и како прв играч во историјата со шест гола. Во тоа го спречи Пеп Гвардиола кој го повлече од теренот по само еден час.
Халанд е третиот играч во историјата на Лигата на шампионите кој постигнал пет гола на еден натпревар, по Лионел Меси и Луиз Адријано.
Меси исто така постигна пет гола под водство на Пеп Гвардиола во сезоната 2011/12 во осминафиналето против Баер Леверкузен. Верувале или не, и тогаш избраниците на Пеп постигнаа седум гола, но беше 7:1.
Две години подоцна, во групната фаза од сезоната 2014/15, Шахтјор како гостин го совлада Бате Борисов со 7:0. Луиз Адријано постигна пет гола, но тоа не беше натпревар од елиминациската рунда.
5 – Erling Haaland is the third player to score five goals in a single UEFA Champions League game after Luiz Adriano in October 2014 (Shakhtar Donetsk vs BATE Borisov) and Lionel Messi in March 2012 (Barcelona v Bayer Leverkusen). Playground. pic.twitter.com/0eWf7fsxgv
— OptaJoe (@OptaJoe) March 14, 2023
Прашањето е дали Гвардиола можеше да го остави Халанд барем уште малку на теренот, со оглед дека Норвежанецот беше блиску до нова историја. Уште поголемо прашање е дали го повлече за да го спаси рекордот на Меси?!