Дани Алвеш купува португалски клуб, па како засилување ќе го донесе Дани Алвеш

Дани Алвеш купува португалски клуб, па како засилување ќе го донесе Дани Алвеш

пред 2 часа

Поминаа девет месеци откако жалбата на Дани Алвеш беше одобрена, со што тој беше ослободен од казната што првично му беше изречена за силување. Оттогаш, Алвес се најде во улога на проповедник, а како што објавија бразилските медиуми, сега се подготвува да се врати на фудбалскиот терен.

Дани Алвеш го одигра својот последен професионален натпревар во јануари 2023 година, само неколку дена пред да биде уапсен под обвинение за силување. Пумас, каде што играше во тоа време, веднаш го раскина неговиот договор.

Како што објави „ESPN“ од Бразил, Алвеш планира да се врати во фудбалот како играч.

Наводно, Алвеш е во преговори со група инвеститори за купување на португалскиот третолигаш Сао Жоао Вер.

Планот е, кога и ако купувањето биде успешно, Алвеш да биде регистриран како играч, барем во првите шест месеци.

Тоа, како што пишуваат Бразилците, би можело да се случи во јануарскиот преоден рок, па Алвеш би го одиграл вториот дел од сезоната за својот иден клуб, по што официјално би се пензионирал.

Во исто време, случајот за кој тој беше осуден на затворска казна е сè уште во тек бидејќи обвинителството поднесе жалба против ослободителната пресуда.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top