Де Брујне против Италија играл со тешка повреда

Де Брујне против Италија играл со тешка повреда

пред 3 години

Кевин Де Брујне, најдобриот белгиски фудбалер, синоќешното четврт-финале против Италија, го одиграл со тешка повреда на зглобот. Де брујне се повреди, во дуеот со Палиња, на претходниот меч со Португалија.

„Благодарност до лекарскиот тим. Завршија неверојатна работа. Можев да играм и покрај тоа што ми е скинат лигаментот. Чудо е што воопшто можев да играм. Се обидев да помогнам, но тоа не беше доволно“, напишал Де Брујне на Инстаграм.

Сигурно е дека на оваа негова објава нема да бидат среќни во Манчестер сити. Прашање е колкав период на рехабилитација го очекува и дали ќе биде подготвен за стартот на сезоната во Премиер лигата.

Share
Scroll to Top