Дебакл на Денвер во Аризона

Дебакл на Денвер во Аризона

пред 3 години

Финикс Санс со убедливата победа 128:93, поведоа со 2-0, во полу-финалната серија со Денвер Нагетс.

Санс, имаа предност во текот на целиот натпревар, во првото полувреме таа беше едноцифрена, а победникот го решија на почетокот на второто полувреме. Во еден момент Финикс имаа предност од 31 поен.

Девин Букер со 18 поени и 10 скокови и Крис Пол со 17 поени и 15 асистенции го предводеа тимот до втората победа во серијата.

Најефикасен на натпреварот беше МВП во лигата, Никола Јокиќ со 24 поени, 13 скокови и шест асистенции. Двоцифрени кај Денвер беа уште само Пол Милсап со 11 и Вил Бартон со 10 поени.

Серијата сега се сели во Денвер, третиот меч ќе се одигра во сабота.



Share
Scroll to Top