Дебитантот Мартин на пол-позицијата во Доха

Дебитантот Мартин на пол-позицијата во Доха

пред 4 години

Дебитантот во „кралската класа“, возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, утре ќе стартува од пол-позицијата на трката за Големата награда на Доха.

До првата пол-позиција во најсилната класа, во Мото ГП, шампионатот, на патеката во Доха го возеше најбрзиот круг со време 1:53.106 минути. Успехот на Прама Дукати го надополни Жоан Зарко кој ќе стартува од второто место (1:53.263), Првиот ред го комплетираше победникот од првата трка, возачот на Јамаха, Маверик Вињалес (1:53.267).

И во вториот ред, со малку поинаков распоред се двајца возачи на Дукати и еден на Јамаха: Џек Милер (Дукати), Фабио Квартараро (Јамаха), Франческо Бањаја (Дукати).

Лгендарниот Валентино Роси стрката ќе ја започне од 21.место.

Трката за Големата награда на Доха, в недела ќе стартува во 19 часот.

 

Share
Scroll to Top