Дел Боске: Меси е најдобриот фудбалер во историјата

Дел Боске: Меси е најдобриот фудбалер во историјата

пред 4 години

Поранешниот тренер на Реал Мадрид и селектор на Шпанија, Винсенте дел Боске, во едно интервју говорел за Лионел Меси, Килијан Мбапе, новата Суперлига на УЕФА и за шпанската репрезентација.

„Јас чувствувам дека му припаѓам на Реал, но не можам да ги критикувам оние кои решиле да го сменат клубот. Важно е да се задржи професионалноста, важно е да бидеш среќен во она што го правиш, важно е да се бориш за клупските бои…“, рекол светскиот рпвак со Шпанија и потоа продолжил да зборува за потенцијалното заминување на Меси од Барселона.

„Меси многу пати покажа колку работи направил за клубот, тој е најдобриот во историјата на фудбалот. Би било идеално кога би останал во Барселона, но секој има право да ја крои својата судбина“.

Дел Боске рекол дека не му се допаѓа предложениот формат на Суперлигата на УЕФА.

„Неопходно е фудбалот да се социјализира, неопходно е клубовите да ја играат домашната лига. Потоа, постојат и европските натпреварувања, не знам дали им се потребни реформи, тоа е работа на УЕФА. Не би требало дополнително да се оптоварува календарот. Добар е ваков каков што е. Не верувам во Суперлигата“, заклучил трофејниот тренер.

Share
Scroll to Top