Младиот англиски репрезентативец Лиам Делап потпиша договор со Челзи. На „Стенфорд Бриџ“ пристигна за 30 милиони фунти, откако неговиот Ипсвич испадна од Премиер лигата. Делап ќе го носи бројот девет на грбот, број за кој навивачите на Челси сметаат дека е „проколнат“.
Неколку славни имиња пред Делап ја носеа деветката во Челси, но не се прославија. Порад тоа навивачите семетаат дека овој број е „проколнат“.
Ова суеверие не го обесхрабри 22-годишниот Лиам Делап, кој минатата сезона постигна 12 гола во Премиер лигата.
Би-би-си потсети на некои врвни голгетери, кои во претходните 10 години го носеа дресот со број девет во Челзи и не се прославија.
Тоа се Радамел Фалкао (без голови на 12 натпревари), Пјер-Емерик Обамејанг (три гола на 21 натпревар), Ромелу Лукаку (15 на 58), Алваро Мората (24 на 72), Фернандо Торес (45 на 172)…
Интересно е што, во минатото бројот девет на „Стемфорд Бриџ“ пред десет години го носеше и дефанзивецот Халид Буларуз, можеби затоа што некои напаѓачи не го сакаа тој дрес поради „проклетството“.