Денвер Нагетс, со тимска игра ги победија Портланд Треил Блејзерс со 128:112. Никола Јокиќ предводеше група од седум кошаркари на Денвер со двоцифрен број на поени. Денвер со оваа победа се искачи пред Хјустон на четвртото место во Западната конференција.
Никола Јокиќ, уште еднаш во кариерата комплетираше трипл-дабл, пред почетокот на четвртата четвртинакој. Натпреварот го заврши со 22 поени, 14 скока и 14 асистенции. Тој го забележа 192-ри трипл-дабл во кариерата. На вечната листа пред него е само Расел Вестбрук.
Ист број на поени постигна и Џамал Мареј со 22 поени (од кои 10 во првата четвртина), додека Камерон Џонсон имаше 19 поени, Кристијан Браун 15 со 6 скока.
Што се однесува до Портланд, Дени Авдија имаше 23 поени, 6 скока и 14 асистенции, додека Донован Клинген забележа 18 поени и 13 скока.
Резултати:
Сакраменто – Бруклин 126:122
/Монк 32 – Сараф 22/
Њујорк – Вашингтон 145:113
/Таунс 26 – Харди 25/
Бостон – Минесота 92:102
/Браун 29 – Хајленд 23/
Финикс – Торонто 120:98
/Букер 25 – Барнс 17/






