Дени Ингс од Саутемптон ќе го замени Агуеро во Сити?

Дени Ингс од Саутемптон ќе го замени Агуеро во Сити?

пред 3 години

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е свесен дека времето на Серхио Агуеро во врвот на светскиот фудбал истекува, па веќе размислува кој би ја пополнил празнината во нападот по заминувањето на Аргентинецот.

Еден од највпечатливите детали во историјата на Сити беше голот на Агуеро во 2012 кој им ја донесе титулата. Тој постигна 180 гола на 263 меча за „граѓаните“, но летоска многу веројатно тој ќе ја промени средината.

Во Каталаонија „сонуваат“ тандем Меси – Агуеро, но не е исклучено аргентинскиот ас кариерата да ја продолжи во некој од богатите клубови во Кина, односно Блискиот Исток. Можеби и САД, но никогаш не криел дека последната сезона во кариерата сака да ја помине во татковината.

Медиумите на „Островот“ пренесуваат дека Дени Ингс е совршено решение за нападот на Манчестер Сити.

Екс-фудбалерот на Барнли и Ливерпул кој сега е дел од тимот на Саутемптон е меѓу наефикасните во Англија во последните неколку години.

Иако менаџерот на Саутемптон не сака да се ослободи од неговите услуги, сепак понуда од околу 30-тина милиони евра може да е повеќе од добра за да се одбие.

28-годишниот фудбалер за „Гордиот Албион“ има само 3 настапи и 1 постигнат гол. Во Премиерлигатаима постигнато 78 гола на 216 настапи, од нив дури 30 за Саутемптон на 60 натпревари.

Share
Scroll to Top