Депортиво Ла Коруња се врати во Ла Лига

Депортиво Ла Коруња се врати во Ла Лига

пред 1 час

Фудбалерите на Депортиво Ла Коруња загубија со 1:2 од Лас Палмас на „Риазор“ во последното, 42-ро коло од втората лига. И покрај поразот, легендарниот шпански клуб се врати во Ла Лига по турбулентни осум години. Депортиво ја заврши сезоната на второто место со 77 бода, пет помалку од Расинг Сантандер.

Лас Палмас поведе во седмата минута со голот на Киријан Родригез, додека Марвин го зголеми водството во 18-та минута. Закарија Едачури ги постави конечните 1:2 во 28-та минута.

Со денешната победа, тимот од Канарските Острови го обезбеди петтото место и место во плејофот за враќање во Ла Лига.

Веднаш по завршувањето на натпреварот, зелениот тревник беше преплавен со бели и сини бои. Стотици навивачи на Депортиво влегоа на теренот.

По осумгодишно отсуство, кулниот шапнски клуб, Депортиво се враќа во шпанската Ла Лига, во која последен пат играше во сезоната 2017/2018. Во текот на таа последна сезона во Ла Лига, тимот го водеше Кларенс Сидорф.

Следеа тешки години за клубот, колапс кој го однесе клубот во третата лига, во која Депортиво играше три сезони.

Депортиво Ла Коруња ја освои Ла Лига во 2000 година, а Купот на Кралот во 1995 и 2002 година. На почетокот на 21 век, тие беа стандарден член на Лигата на шампионите, а во 2004 година го постигнаа својот најголем успех. Играа во полуфиналето во кое беа елиминирани од Порто со вкупен резултат од 0:1. Претходно, со сензационален пресврт, го елиминираа Милан со 5:4 (1:4, 4:0).

Share
Scroll to Top