Холандскиот фудбалер Чави Симонс (22) им даде јасни сигнали на челниците на својот клуб во кој правец сака да оди неговата кариера.
Симонс е многу поблиску до трансфер во Челзи денес отколку што беше во изминатите неколку дена.
Како што стојат работите, Челзи ја доби битката со конкуренцијата за потписот на суперталентираниот Холанѓанец.
Дека мислите на Симонс се веќе во Лондон, сведочат неговите индивидуални потези во последните денови, како што е бришењето на профилот на неговиот сегашен клуб од Инстаграм, а можеби најочигледниот знак дека тој повеќе нема да биде дел од клубот од Лајпциг е фактот што го пропушти тренингот во петокот.
Преговорите меѓу Челзи и Лајпциг во врска со трансферот на офанзивниот играч за врска се во завршна фаза, тврди добро информираниот инсајдер за трансфери Фабрицио Романо.
Германскиот клуб би можел да заработи 70 милиони евра од продажбата на својот највреден играч, покрај Шешко.
Доколку трансферот се реализира, Симонс би станал осмото засилување на Челзи ова лето, по Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Лиам Делап (Брајтон), Естево Вилијан (Палмеирас), Дарио Есугу (Спортинг), Мамаду Сар (Стразбур) и Кендри Паез (Индепендиенте дела Вале).
Клубот од „Станфорд Бриџ“ за овие трансфери издвои близу 250 милиони евра.
Само Ливерпул инвестираше повеќе пари во тековниот преоден рок.
Фото/ Принскрин