Дешам: Конфликтот со Бензема е минато, сега мислиме на иднината

Дешам: Конфликтот со Бензема е минато, сега мислиме на иднината

пред 4 години

Дидие Дешам признава дека „поминал“ низ многу работи пред да одлучи да го врати Карим Бензема во француската репрезентација по повеќе од пет години.

Дешам ги шокираше сите кога го вклучи напаѓачот на Реал Мадрид во списокот за ЕУРО 2020, и сега признава дека иако односите не биле најдобри во последно време, тој е заинтересиран што може Бензема да направи на теренот.

„Нема да зборувам за нашите разговори. Но, тие беа долги, имаше многу работи кои беа кажани. Сепак, најважно е што ќе се случи денеска и утре. Тоа што не се врати порано не ја спречи француската репрезентација да има успеси. Сега, работите се сменија. Од моја страна, и сигурно од страната на Карим. Нема да ви кажам зошто не беше можно претходно, но условите не беа исполнети“, вели Дешам во интервју за „ТФТ“.

Бензема беше исфрлен од репрезентацијата во 2016 кога се појави скандалот со наводната уцена на тогашниот соиграч од репрезентацијата, Матју Валбуена. Скандалот уште не е завршен, бидејќи од октомври 2021 година ќе почне и судски случај околу уцената.

Share
Scroll to Top