Аргентинските фудбалски фанови беа зачудени од соопштението на нивната национална фудбалска федерација дека ѕведата на Јувентус, Пауло Дибала ќе ги пропушти натпреварите на репрезентацијата поради генитални проблеми.
Дибала постигна гол при 4:1 победата над Ференцварош во Лигата на шампионите, а беше во игра и во последните 15 минути против Лацио, кога токму неговата грешка придонесе противниците да израмнат во последните секунди од мечот. Тој доби удар во препоните за време на мечот, но не е јасно дали повредата има врска со овој контакт.
„Маркос Акуња и Пауло Дибала нема да се приклучат на репрезентацијата. Фудбалерот на Севилја има мускулен проблем кој го доби во саботата, додека Дибала е изоставен откако имал генерални генито-уринарни симптоми. Потребен му е одмор и тестирање“, се вели во објавата на федерацијата.
Дел од аргентинските навивачи се лути на 26-годишниот Дибала, кој има релативно малку (29) настапи за репрезентацијата и последен пат играше пред една година, отсуствувајќи поради најразлични причини.