Дивац откри зошто не го драфтувал Дончиќ: „Згрешив“

Дивац откри зошто не го драфтувал Дончиќ: „Згрешив“

пред 8 часа

Познатиот српски кошаркар Владе Дивац призна дека згрешил кога не успеал да го избере Лука Дончиќ од втората позиција на драфтот во 2018 година.

Дивац пред шест години беше генерален директор во Сакраменто кога го избра Марвин Бегли пред словенечкиот кошаркар, а објасни и зошто.

“На таа позиција го имав Фокс, кого го ангажирав една година порано. Во тој момент мислев дека Фокс е играч кој би можел да стане играч на франшиза во наредниот период. Дали згрешив ќе покаже времето. Како што сега стојат работите , се чини дека направив, но верувам во малиот Фокс дека ќе има подобра кариера“, изјави Дивац за „Индекс“.

Дончиќ денес е еден од најдобрите кошаркари во НБА, додека Бегли има медиокритетна досегашна кариера во која веќе смени три тима.

Share
Scroll to Top