Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски, вечерва со Динамо Загреб, го играат првиот четврт-финален натпревар во Лига Европа.
Тренерот на Динамо, Дамир Крзнар, на „жолтата подморница“, нема да може да и се спротивстави со најсилниот тим. Поради повреда натпреварот ќе го пропушти напаѓачот Бруно Петковиќ.
Хрватските медиуми претпоставуваат дека дуелот со Виљареал ќе го започнат Ливаковиќ, Ристовски, Теофил, Лауритсен, Гвардиол, Јакиќ, Адеми, Фрањиќ, Мајер, Иванушец и Оршиќ.
Натпреварот на „Максимир“ ќе започне во 21 часот. Во истиот термин ќе стартуваат и натпреварите Ајакс-Рома, Гранада-Манчестер јунајтед и Арсенал-Славија Прага.