Диоманде „подготвен да умре“ за Мурињо

Диоманде „подготвен да умре“ за Мурињо

пред 5 часа

Новиот играч на Реал Мадрид, Јан Диоманде, е возбуден што ќе работи со Жозе Мурињо.

„Кралскиот клуб“ овој трансфер ќе го чини 140.000.000, што е најголемата зделка во историјата на мадридскиот великан.

„Беше како сон бидејќи нема поголем клуб. Од моментот кога дознав, не можев да спијам“, рече Диоманде и додаде:

„Бев изненаден бидејќи Мурињо зборуваше француски. Мурињо стана во 5 часот наутро за да разговара со мене. Тоа значи дека сум важен за нив. Кога Реал Мадрид ќе ве повика, не можете да кажете „не“, па реков: „Ако ме сакаат, одам таму“, рече Диоманде и дополни.

„Му реков на Мурињо: „Среќен сум што работам со тебе бидејќи си најдобар“. Можам многу да научам од него, тој е вистинскиот тренер за да го продолжам мојот развој. Подготвен сум да умрам за него“, рече Диоманде.

Диоманде игра на крилната позиција, а во Лајпциг имаше учинок од 13 гола и 10 асистенции во 36 натпревари.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top