Добри вести за Ливерпул – Ван Дајк почна да работи со топка во друштво на Ловрен

Добри вести за Ливерпул – Ван Дајк почна да работи со топка во друштво на Ловрен

пред 3 години

Пред големото дерби помеѓу Ливерпул и Манчестер јунајтед, навивачите на англискиот шампион добија одлична вест, откако Виргил ван Дајк се пофали како шутира топка првпат по хорор-повредата на коленото.

29-годишниот холандски дефанзивец ги скина лигаментите во коленото во дербито против Евертон во октомври, по невнимателниот старт на голманот Џордан Пикфорд, и во последно време е во Дубаи каде што тренира во „НАС спортскиот комплекс“.

Тој сподели видео во кое тренира со топка како дел од рехабилитацијата, зголемувајќи ги надежите на навивачите на „црвените“ дека можат да го видат назад на теренот пред крајот на сезоната.

На Ван Дајк во неделата му се приклучи поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Хрватот Дејан Ловрен кој е во Дубаи со својот руски клуб, Зенит Санкт Петерсбург.

„Беше убаво да се види мојот поранешен соиграч Ван Дајк. По тешката повреда, тој изгледа посилно од било кога, наскоро, брату ќе се вратиш на врвот. Многу среќа за Ливерпул во дербито, ние сме со вас“, напиша Ловрен.

Share
Scroll to Top