Домаќините немилосрдни во Бундес лигата

Домаќините немилосрдни во Бундес лигата

пред 4 години

Домаќините не им препуштија ниту еден бод на гостите во првите четири натпревари, одиграни во рамките на 23.коло во Бундес лигата. „Птерди“ во головите на Келн и Шалке, пукнаа Баерн Минхен и Штутгарт, Борусија Дортмунд за едно полувреме ја прегази Арминија Билефелд, а Волфсбург, со играч помалку, ја победи Херта.

Баерн без проблеми се справи со Келн. По два гола постигаа Левандовски и Гнабри, а еден Чупо Мотинг, во победата од 5:1. Тунижанецот Скири беше стрелец на единствениот гол за Келн.

Штутгарт одиграа ефикасен натпревар против отпишаниот Шалке. Ендо ги постигна првите два гола за „швабите“, а потоа погодија и Калјџиќ, Клеман и Дидави. Стрелец за Шалке беше Колашинац, а Белараби промаши пенал.

Борусија Дортмунд, во второто полувреме ги постигна трите гола со кои ја победи Арминија. Дахуд, Санчо од пенал и играчот на Реал кој е позајмен во Дортмунд, Рениер беа стрелци.

Волфсбург со авто-голот на Клингер и голот на Лакроа ја победи Херта.

Share
Scroll to Top