Донарума бил подготвен да го напушти ПСЖ

Донарума бил подготвен да го напушти ПСЖ

пред 3 години

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума, како најдобар играч на Европското првенство, на кое победи со Италија, пристигна во ПСЖ. Сепак кариерата во Париз не ја започна онака како што посакуваше. Донарума ја грее клупата за резерви, прв голман е Кејлор Навас.

Италијанските медиуми тврдат дека Донарума им кажал на клупските челници дека е незадоволен и дека е подготвен да си оди доколку неговиот статус не се смени.

Наводно, тој му порачал на менаџерот, Мино Рајола, да ги контактира италијанските клубови, ки беа заинтересирани за неговите услуги, пред тој да ја прифати понудата на ПСЖ.

Најголем интерес за Донарума покажуваа луѓето од Јувентус, но клубот не можеше и не сакаше да ги исполни неговите мегаломански барања.

Share
Scroll to Top