Дониел Мален во Рома

Дониел Мален во Рома

пред 3 часа

Холандскиот напаѓач Дониел Мален беше претставен во Рома како позајмен играч од Астон Вила до крајот на оваа сезона. Клубот од главниот град на Италија му плати два милиони евра на поранешниот европски шампион за ангажманот на холандскиот репрезентативец.

Сепак, клубот од Бирмингем може да очекува 25 милиони евра од Рома, што е многу поголема „втора рата“, бидејќи е потпишан договор со задолжителна откупна клаузула, доколку Рома избори пласман во Лигата на шампионите или Лига Европа.

Бидејќи тимот на тренерот Џан Пјеро Гасперини е на петтото место (води во ЛЕ) со пет бода пред Комо по 20-то од 38 кола, речиси е сигурно дека клаузулата за откуп ќе биде активирана по завршувањето на сезоната.

Мален, професионално деби го имаше во ПСВ, каде што постигна 40 гола на 81 натпревар во сите натпреварувања. Остана во Ајндховен од 2018 до 2021 година и се пресели во Дортмунд. Тој помина четири сезони во дресот на Борусија, постигнувајќи 30 гола на 94 натпревари во жолтиот дрес. Последната сезона ја помина во Вила, каде што постигна седум гола (три од нив во Лигата на Европа) на 35 натпревари.

Репрезентативецот на Холандија симболично избра да го носи бројот 14 на грбот, во својот нов клуб, како јасна алузија на легендарниот Јохан Кројф.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top