Дончиќ доби две награди во НБА

Дончиќ доби две награди во НБА

пред 2 часа

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ доби две награди од НБА.

Пред натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Хјустон, Дончиќ доби награди за најдобар играч на Западот во март, како и за најефикасен кошаркар во НБА оваа сезона.

Дончиќ имаше просек од 33,5 поени во 64 натпревари, шутирајќи 47,6% од поле и 36,6% за три поени.

Ова е втор пат тој да биде најдобар стрелец во лигата, а истото го стори и во сезоната 2023/24, кога имаше просек од 33,9 поени по натпревар во дресот на Далас.

Дончиќ сè уште се опоравува од повредата на тетивата здобиена на 2 април и оттогаш пропушти пет натпревари од регуларната сезона и првите два натпревари од плејофот.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top