Дончиќ ќе добие 229 милиони долари од Лејкерси

Дончиќ ќе добие 229 милиони долари од Лејкерси

пред 1 ден

Фото/ Принтскрин

Лука Дончиќ се согласи да ја продолжи соработката со Лос Анџелес Лејкерс и ќе отпатува во Соединетите Американски Држави пред репрезентативниот собир да го потпише договорот.

Лејкерси и Дончиќ постигнаа договор за продолжување на соработката до 2029 година.

Според словенечкиот „Спорт клуб“, Дончиќ ќе отпатува во Лос Анџелес пред својот прв тренинг со словенечката репрезентација за да го стави својот потпис на договорот.

Претходно беше објавено дека Словенецот ќе потпише максимален четиригодишен договор вреден 229 милиони долари.

Првиот ден кога Лејкерсите можат да му понудат договор е 2 август, а се очекува Дончиќ тогаш да го потпише договорот.

Во 28 натпревари за Лејкерси, тој забележа 28,2 поени, 8,1 скока, 7,5 асистенции и 1,6 украдени топки во просек од 35 минути на паркетот.

Во серијата од пет натпревари од плејофот против Минесота Тимбервулвс, тој имаше просек од 30,2 поени, седум скока, 5,8 асистенции и една украдена топка за 41,6 минути на паркетот.

Share
Scroll to Top