Драма на Марсеј-Бордо – Калу колабираше на теренот

Драма на Марсеј-Бордо – Калу колабираше на теренот

пред 3 години

Бордо се врати од 0:2 негатива да стигне до 2:2 реми на гостувањето на „Велодром“ кај Марсеј, но најдраматичниот момент се случи во првите неколку минути од мечот, кога нигерискиот напаѓач Самуел Калу колабираше на теренот.

Фудбалерите од двата тима се собраа околу Калу, додека медицинскиот тим не излезе на теренот, но Нигериецот потоа застана на нозе и самиот излезе од теренот. Ова не е првпат 23-годишниот напаѓач на Бордо, Калу да предизвика паника на теренот, откако пред Африканскиот куп на нации во 2019  година колабираше на тренинг со својата репрезентација.

Кога мечот продолжи, Марсеј на Хорхе Сампаоли до полувремето направи предност од 2:0, преку Ченгиз Ундер (34. минута) и фантастичниот Дмитри Паје (41. минута), но Бордо успеа да се врати за само шест минути во второто полувреме. Тимоти Пембеле во 51. минута намали на 2:1, за Реми Удин во 57. минута да ги постави конечните 2:2.

Драма на тренингот на Нигерија! Калу доживеа срцев удар

Share
Scroll to Top