Драма со среќен крај, ГРК Охрид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

Драма со среќен крај, ГРК Охрид ќе се бори за трофејот во ЕХФ купот

пред 1 час

Ракометарите на ГРК Охрид се пласираа во финалето на ЕХФ купот, откако во драматичниот реванш, го совладаа Целје, по изведувањето пенали. Натпреварот заврши 25:24, а охриѓани во пенал серијата славеа со 4:3.

Исрпувачки и до крај неизвесен натпревар во салата „Билјанини извори“ одиграа Охрид и Целје. Жестоки одбрани се играа во текот на целиот натпревар, во кој ниту еден тим не успеа да се одлепи. Целје на почетокот имаше предност од два гола, а Охрид до посакувата разлика од два гола дојде на десетна секунди до крајот, но потоа Анжиќ погоди во последната секунда и го однесе натпреварот во пенал рулетот.

Таму, Анжиќ од херој стана трагичар, Пилиповиќ му го одбрани пеналот, за Охрид не погоди Иванковиќ во четвртата серија, а во петтата откако Ѓукиќ постигна гол, Макуц шутираше над голот.

До победата, ГРК Охрид го предвпдеа Јасухира со девет и Стрмљан со седум гола, Пилиповиќ имаше 12 интервенции. На спротивната стрна блескаше десното крило Периќ со седум гола, Анжиќ постигна пет.

Охрид во финалето за противник ќе ја има унгарска Татабања.

Foto/ ohridnews.com

Share
Scroll to Top