Дресот што го носеше легендарниот НБА кошаркар Коби Брајант (1978-2020) во деби сезоната во НБА лигата е продаден за 2,73 милиони долари, објави „ЛА Тајмс“.
Аукциската куќа „СЦП“ денеска соопшти дека купувачот сакал да остане анонимен, како и продавачот кој го чувал дресот цели 25 години.
Извршниот директор на „СЦП“, Дејвид Келер, процени дека дресот од сезоната 1996-1997 година, кој Брајант го носеше на два натпревари во плејофот, може да биде продаден за сума помеѓу три до пет милиони долари, но сепак дресот е продаден за нешто помалку од три милиони.
Вториот дрес на Брајант од деби сезоната, минатата година беше продаден за 3,69 милиони долари.
Тој дрес го потпиша Брајант, а ја достигна највисоката цена досега за кошаркарски дрес.
Брајант загина на 26. јануари 2020 година во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Лос Анџелес, кога загина неговата ќерка Дијана (13), како и уште седум други лица.
Photomatched game-used rookie Kobe jersey brought in $2.73 million last night at @SCPAuctions. pic.twitter.com/ZeVUwBEMI0
— Darren Rovell (@darrenrovell) June 5, 2022