Дрес на Мајкл Џордан се продава за 100 милиони долари

Дрес на Мајкл Џордан се продава за 100 милиони долари

пред 2 часа

Дресот, кој Мајкл Џордан го носел против Јута Џез, ќе стане најскапиот во спортската историја.

Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4:2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а MВП на финалната серија беше Мајкл Џордан.

„Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победија со разлика од 42 поени (96:54), и ова сè уште е најубедливата победа во еден натпревар од финалната серија.

28 години подоцна, дресот на Мајкл Џордан од третиот натпревар е на продажба и ќе стане најскапиот во историјата бидејќи се предвидува дека ќе биде продаден за неверојатни 100 милиони долари.

Американските медиуми наведоа дека сопственик на овој дрес е инвеститорот и актер Роб Гоф.

Мајкл Џордан и Чикаго Булс потоа ја освоија втората „триплета“, односно втор пат успеаја да освојат три шампионски титули по ред, а во 1998 година, Чикаго последен пат стана шампион.

„Не знаев каде е и не ми беше лесно да го најдам. Ја најдов вистинската личност која ме упати кон друга личност и за жал никогаш не го запознав сопственикот на дресот бидејќи платив за сè преку посредник, а тој заработи милиони долари од него“, додаде Роб Гоф.

Гоф стана сопственик на овој дрес пред четири години, а сега го продава и се проценува дека тоа ќе биде првиот дрес носен на натпревар што подоцна ќе биде продаден за огромна сума, односно 100 милиони долари.

Share
Scroll to Top