Дукати во Мото ГП до 2026 година

Дукати во Мото ГП до 2026 година

пред 4 години

Дукати ќе се натпреварува во Мото ГП шампионатот најмалку до 2026 година. Претставниците на тимот, денес го потпишаа договорот со компанијата Дорна спортс.

Претходно, овој договор со Дорна спортс, го потшиа и тимот на КТМ. Се очекува стапките на Дукати и КТМ да ги следат Јамаха, Сузуки, Хонда и Априља.

Дукати се присутни во мото ГП шампионатот од 2003 година, првата победа им ја донесе Лорис Капироси на Големата награда на Каталонија, а првата титула за овој тим, во 2007 година, ја освои Кејси Стонер.

Боите на Дукати во новата сезона ќе ги бранат Џек Милер и Франческо Бањаја.

Share
Scroll to Top