Шведскиот атлетичар, скокачот со стап Арманд Дуплантис e избран за најдобар спортист во Европа во 2025 година во традиционалниот избор на европски новински агенции организиран од полската агенција ПАП.
Девет европски агенции му дадоа на Дуплантис максимален број поени, а четири агенции го ставија на второто место.
На Светското првенство во Токио оваа година, Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап со скок од шест метри и 30 сантиметри.
Полската новинска агенција, ПАП, оваа награда ја доделува од 1958 година.
Тенисерите Новак Ѓоковиќ (2011, 2015, 2018, 2021 и 2023 година) и Роџер Федерер (2004, 2005, 2006, 2007 и 2009 година), по пет пати ја освоиле оваа престижна награда.
Меѓу поранешните добитници на престижната награда се сите великани на европскиот спорт, фудбалерот Кристијано Роналдо, тенисерот Рафаел Надал, атлетичарите Себастијан Коу и Сергеј Бубка, возачите на Формула 1 Мика Хакинен, Најџел Мансел, Себастијан Фетел, Михаел Шумахер и Луис Хамилтон, тенисерките Мартина Хингис, Ига Швионтек и Штефи Граф, велосипедистот Еди Меркс, гимнастичарката Надја Команечи и други.
Foto/ depositphotos






