Еве за што Нејмар добивал бонус од 200.000 евра од ПСЖ

Еве за што Нејмар добивал бонус од 200.000 евра од ПСЖ

пред 11 часа

ПСЖ го донесе Нејмар од Барселона во летото 2017 година во трансфер вреден 222 милиони евра, што и денес е светски рекорд. Откако заработи повеќе од 70 милиони евра од клубот во првите три години само преку плати, во следните три заработи повеќе од 90 милиони. Преку бонусите заработил уште повеќе, а сега е откриен и еден бизарен бонус.

Фудбалерот на Кристал Палас, Луис Брајон тврди дека се дружел со клупскиот персонал на ПСЖ во тренерската школа и дека тогаш слушнал за неверојатната клаузула што бразилскиот напаѓач ја имал во договорот со клубот.

„Најлудата клаузула за која сум слушнал е клаузулата на Нејмар во ПСЖ. Еден член од персоналот на ПСЖ кој беше во клубот во времето на Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе, не сакам да го откријам неговото име, ми кажа дека Нејмар има клаузула во договор според која секогаш кога ќе им аплаудира на навивачите по натпреварот, ќе добие бонус од 200.000 евра“, изјави Брајон.

Пред заминувањето во Ал Хилал, Нејмар одигра 173 натпревари за ПСЖ. На нив постигна 118 гола и забележа 77 асистенции.

Share
Scroll to Top