Евертон, сепак, пресилен за петтолигашот Борем Вуд

Евертон, сепак, пресилен за петтолигашот Борем Вуд

пред 3 години

Евертон се пласираше во четврт-финалето на ФА купот, каде што ќе се сретне со Кристал палас, откако во нерамномерна борба со 2:0 го совлада петтолигашот Борем Вуд, кои едно полувреме успеаја да ги заддржат „карамелите“ на Френк Лампард на пристојни 0:0.

Во најстарото светско фудбалско натпреварување, ФА купот, не се реткост вакви нерамноправни дуели на клубови кои вредат милијарди и мали клубови, но Евертон го почна дуелот со убав гест, откако го плати превозот и сместувањето на малиот клуб од Хертфордшајр во јужна Англија.

Лампард реши капитенската лента на мечот да му ја даде на новото засилување, Украинецот Виталиј Миколенко, кој на теренот излезе со украинското знаме и со огромна поддршка од „Гудисон Парк“.

На теренот, Саломон Рондон во 57. минута од мечот, конечно, го скрши отпорот на гостите, за во 84. минута да го удвои водството.

Share
Scroll to Top