Евролига: Сите кошаркари беа исклучени по тепачката, освен Руди Фернандес, ќе следат казни

Евролига: Сите кошаркари беа исклучени по тепачката, освен Руди Фернандес, ќе следат казни

пред 2 години

Евролигата се огласи со официјална изјава по случувањата на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Партизан. Мечот е прекинат пред истекот на регуларните 40 минути поради тепачка на играчите на двата тима.

Конфликтот меѓу играчите настана кога на минута и 40 секунди до крајот, Серхио Љуљ грубо го фаулираше Кевин Пантер, а овој не му прости и тргна со тупаница кон него.

Во тепачката се вклучија сите играчи од двата тима, а најлошо помина беше Данте Егзум кого Јабуселе го фати за врат, го собори и почна да го удира по теренот. На крајот, кошаркарот на Партизан доби сериозна повреда, скината тетива на прстот на ногата.

„Кога беа применети дисквалификации за оние играчи кои беа вклучени во тепачката и оние кои автоматски беа исклучени поради напуштање на клупата, ниту еден тим го немаше потребниот минимум од двајца играчи потребни за да го заврши натпреварот, така што играта се сметаше за официјално завршена според резултатот во тој момент. Прекинот е при резултат 80:95 во корист на Партизан кој сега води во серијата со 2:0 во победи.

Евролига ги проследи фактите до независниот дисциплински судија на натпреварувањето, кој ќе донесе одлука за инцидентите на теренот во следните 24 часа во согласност со утврдената процедура. Евролига најостро ги осудува настаните кои се случија на крајот од натпреварот. Ваквите настани не ги претставуваат вредностите на почит што лигата и нејзините клубови ги промовираат и кои ги отелотворува кошаркарскиот спорт“, се вели во официјалниот став на Евролига.

Судиите го гледаа видеото од сите случувања, а бидејќи сите играчи беа во конфликт, физички и според правилата, немаше како да се одиграат последните 100 секунди.

Само Руди Фернандес не доби исклучувачки фаул и единствен остана на клупата.

Share
Scroll to Top