Поранешниот претседател на Рома, Џејмс Палота, признава дека не сакал да ги продаде Мохамед Салах и Алисон на Ливерпул, фудбалери со кои, Јирген Клоп направи тим со кој им ја донесе премиерлигашката титула.
Палота стана 23. претседател на Рома во 2012 година, а минатото лето го продаде тимот на уште еден Американец, ден Фридкин.
„Салах беше прекрасно дете кое не сакав да го загубам. Го сакав и не сакав да го продадам. Но, немав избор. Тој сакаше да си оди без разлика на тоа што ние ќе му понудевме бидејќи имаше нешто што сакаше да докаже“, вели Палота во интервју за „ДАЗН“.
Во тој период, Рома беше под „закана“ од УЕФА за почитување на финансискиот ферплеј (ФФП) и потоа го продадоа и голманот Алисон за 62.5 милиони евра, тогаш рекордна сума за голман.
„Алисон? Зошто би сакал да продадам таков голман?“, се правда Палота.