Елиф Елмас на излезна врата од Лајпциг, не прифаќа нова позајмица

Елиф Елмас на излезна врата од Лајпциг, не прифаќа нова позајмица

пред 9 часа

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас, најверојатно ќе го напушти германскиот Лајпциг во летниот преоден рок, пренесува угледниот германски спортски магазин „Кикер“.

Според информациите, Елмас не е подготвен да прифати нова позајмица по минатата полусезона помината во редовите на Торино, по што не сака да се задоволи со споредната улога во Лајпциг.

„Елмас, чиј престој во Лајпциг не донесе посакуван спортски успех, се очекува да замине ова лето“, наведува „Кикер“.

Иако во јавноста постоеја шпекулации за евентуен трансфер во Торино, германскиот медиум посочува дека фудбалерот се стреми кон поголеми цели.

Share
Scroll to Top