Емини: Босна и Турција се сериозни тестови

Емини: Босна и Турција се сериозни тестови

пред 2 часа

Македонската репрезентација се подготвува за двата контролни натпревари против Босна и Херцеговина (29. мај) во Сараево и против Турција (1. јуни) во Истанбул.

Сефер Емини од дански Сондерјиске е еден од фудбалерите кој се надеваат на деби настап во дресот на македонската репрезентација.

„Сите сега одат на одмор, а ние сме тука со репрезентацијата и максимално ќе се подготвиме за овие два натпревари. Има многу нови играчи, јас сум еден од нив и сè уште немам деби. Ќе се подготвиме добро. И Босна и Турција ќе играат на Светско првенство, затоа мора многу сериозно да ги сфатиме двата натпревари. Тоа ќе ни биде добра подготовка за периодот што следува. Технички и тактички треба да бидеме дисциплинирани и физички на терен да го исполниме тоа што ќе го бара стручниот штаб. Верувам дека сè ќе биде во ред“, изјави Емини.

Izvor i Foto/ ffm.mk

Share
Scroll to Top