Енди Мареј: Данил е идниот тениски број 1!

Енди Мареј: Данил е идниот тениски број 1!

пред 3 години

Тројниот грен слем шампион Енди мареј верува дека младиот руски тенисер Данил Медведев има најголеми шанси да ја заземе првата позиција на АТП листата. Британецот кој се натпреварува на мастерс турнирот во Сининати (го помина првото коло) зборуваше за моментната ситуација во светот на тенисот.

„Од Медведев очекувам прв да дојде до таа позиција. Веројатно, за да дојде до таа позиција треба во континуитет да остварува добри резултати на земјена подлога, но има добри шанси. Од младите играчи Карлос Алкарас е навистина многу добар. Од него го очекувам истото“ истакна Мареј.

Тој зборуваше и за достигнувањето на Новак Ѓоковиќ.

„Импресивно е кога сте прв, а не играте на толку многу турнири. Неверојатно. Тој, Надал и Федерер доминираат во овој спорт. Освојување на еден турнир е голем предизвик. Мене ми требаше да освојам пет или шест за да бидам прв, а да сте цела година на врвот на листата, тоа е исклучително тешко“ смета Шкотланѓанецот.

Мареј открива и кои се играчите кои обожува да ги гледа.

„Корентан Мутеа и Гаел Монфис. Исто така и Ник Кирјос, кога е расположен. Данил Медведев, се разбира. Тој е интересен играч, многу талентиран. Сакам кога луѓето размислуваат на теренот“ вели тој.

Share
Scroll to Top