Енди Мареј: Целта е да освојам медал во Токио, идеално е ако е златен!

Енди Мареј: Целта е да освојам медал во Токио, идеално е ако е златен!

пред 3 години

Иако последните години не е во врвот на светскиот тенис, британскиот тенисер Енди Мареј во Токио доаѓа „со ореол“ на еден од фаворитите за медал.

Шкотланѓанецот е двоен олимписки шампион (Лондон 2012 и Рио 2016 година), па во Јапонија ќе ја брани титулата.

„Олимписките игри многу ми значат и голема чест ми е што сум на четврти ОИ. Го носев знамето во Рио и освои злато на домашен терен во 2012-та. Тоа беа неверојатни моменти. Заминувањето на втора Олимпијада како бранител на титулата е возбудливо и многу се радувам на предизвикот“ изјави Мареј за сајтот на ОИ во Токио.

Иако во моментов е на 104. позиција на АТП листата, Британецот најавува поход по златниот медал.

„Целта е да освојам медал во Токио, идеално е ако на својата земја и донесам злато“ порача Мареј.

Останува да се види коментарот на Новак Ѓоковиќ кој според многумина е „печен“ за златото во Токио.

Share
Scroll to Top