Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор

Енис Барди е новата „десетка“ на Коњаспор

пред 11 часа

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди, кариерата ќе ја продолжи во турската Суперлига. Тој и официјално е претставен како нов играч на екипата на Коњаспор, со која потпиша двегодишен договор, до 30 јуни 2027 година.

Откако пред десетина дена го прослави својот 30-ти роденден како слободен играч, Барди стави крај на шпекулациите и ја прифати понудата од турскиот суперлигаш. Тој беше претставен во тренинг-кампот на тимот во Ерзурум, каде што и официјално го облече новиот дрес со бројот 10, што е јасен показател дека клубот во него гледа лидер на играта.

Овој трансфер доаѓа во вистински момент за нашиот капитен, кој сега ќе има можност да се фокусира на клупските обврски и да ја темпира формата за клучните натпревари на македонската репрезентација што следуваат наесен во квалификациите за Светското првенство.

По настапите во Шкупи, Ујпешт, Леванте, Трабзонспор и Бодрумспор, Коњаспор ќе биде нов предизвик во богатата кариера на Енис Барди.

Share
Scroll to Top