Ерлинг Халанд е „Голден бој“

пред 4 години

Норвежанецот Ерлинг Халанд (20) ја доби престижната награда „Голден бој“. Изборот за оваа награда го организира „Тутоспорт“, а му се доделува на најдобриот фудбалер до 21 година. Ерлинг Халанд, во сезоната 2019/2020, постигнал 44 гола во сите натпреварувања за Салцбург и Борусија Дортмунд. Формата во која се наоѓа Халанд го привлече на големите европски клубови. Најчесто се поврзува со Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, меѓутоа неговиот татко неодамна изјави дека напаѓачот ќе остане во Дортмунд. Најголеми конкуренти на Халанд за оваа награда му беа соиграчот од Дортмунд Џејдон Санчо, Канаѓанецот од Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд и 18-годипникот од Барселона, Ансу Фати. Минатата година наградата ја доби Жоао Феликс од Атлетико Мадрид.

Share
Scroll to Top