Естевао разочаран, сака да си замине веќе во јануари?

Естевао разочаран, сака да си замине веќе во јануари?

пред 1 час

Младиот напаѓач на Челзи, Естевао не е задоволен од својот статус кај Чаби Алонсо, ја разгледува опцијата да го напушти „Стемфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок.

Бразилецот е незадоволен и фрустриран бидејќи оваа сезона одигра само 47 минути во Премиер лигата, што е јасен показател дека не е ниту план Б за Чаби Алонсо.

Англиските медиуми истакнуваат дека Естевао ќе побара средба со челниците доколку и понатаму неговата минутажа биде мизерна.

Не е познато каде би можел да оди, секако, медиумите го споменуваат Пари Сен Жермен, особено по повредата на Хвича Кварачелија, но ова се уште се гласини и се е далеку од реалноста.

Естевао одигра вкупно осум натпревари оваа сезона, но помина само 172 минути на теренот, од кои повеќето во Лига купот.

Тој пристигна во Челзи во летото 2025 година за 45.000.000 евра од Палмеирас.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top