ЕУРО 2020: Во Билбао и Рим ќе има навивачи

ЕУРО 2020: Во Билбао и Рим ќе има навивачи

пред 4 години

Властите во Билабао и Рим, дозволија да има публика на натпреварите кои ќе се играат во овие градови, на ЕУРО 2020.

Регионалната влада на Баскија, дозволила да биде исполнет 25 отсто од капацитетот на стадионот „Сан Мамес“. Ова значи дека на натпреварите што ќе ги игра Шпанија, против Шведска, Полска и Словачка, ќе може да има максимално 13.000 гледачи. На овој стадион ќе се одигра и еден осмина-финален натпревар.

Исто така, владата на Италија, донела одлука публика да има и на „Олимпико“ во Рим. На овој стадион, Италија и Турција на 11.јуни ќе го отворат ЕУРО 2020. Италија, во Рим, ќе игра против Швајцарија и против Велс. „Олимпико“ ќе биде домаќин и на еден натпревар од четврт-финалето на 3.јули.

Владата на Италија дополнително ќе решава колку навивачи ќе можат да ги гледаат овие натпревари. „Олимпико“, има капацитет од 73.000 седишта.

ЕУРО 2020, во 12 европски градови, ќе се одржи од 11.јуни до 11.јули.

Share
Scroll to Top