Жесток одговор на Лапорта: Ханси Флик освојува трофеи, а Чави губеше со истите ирачи

Жесток одговор на Лапорта: Ханси Флик освојува трофеи, а Чави губеше со истите ирачи

пред 2 часа

Нема мир во Барселона по интервјуто што го даде Чави Ернандез и закое се претпоставуваше дека ќе предизвика тектонски пореметувања на „Камп Ноу“. Особено делот во интервјуто, во кое Чави рече дека Џоан Лапорта го стопирал враќањето на Лионел Меси во 2023 година.

Легендарниот капитен и тренер на Барселона јавно го критикуваше Лапорта пред изборите во недела.

Лапорта, реши веднаш да одговори. Истакна дека е навреден, но исто така е свесен за фактот дека како претседател мора да носи тешки одлуки и дека назначувањето на тренерот Ханси Флик било правилно.

„Изјавите на Чави ме погодија. Чави беше целосно искористен од Виктор Фонт (кандидат за претседател на Барселона). Кога првпат ги прочитав неговите изјави, прво помислив на Флик и колку е тешко да се биде претседател на Барселона. Принудени сте да носите болни одлуки за доброто на клубот. Сепак, фактите му противречат на Чави. Јас направив што морав за да го заштитам клубот. Чувствував дека ако Чави остане тренер, ќе продолжиме да губиме и дека Флик може да нè врати на победнички патеки. Да бидам искрен, длабоко ме погодија изјавите на Чави, не го очекував тоа. Кога ги слушам тие зборови, веднаш помислувам на Флик и разбирам зошто Чави е толку навреден. Тој губеше со истите играчи, а Ханси освојува трофеи“, одговори Лапорта.

Тој исто така одговори на тврдењата на Чави дека го стопирал договорот на Меси по втор пат, во летото 2023 година.

„Кога не можевме да го обновиме договорот на Меси, причината беше чисто економска, бидејќи не можевме да го вклопиме неговиот договор во нашиот буџет поради огромни долгови. Потоа Чави дојде кај мене во 2023 година и ми рече дека разговарал со Меси и дека тој би сакал да се врати. Тој исто така ме замоли да составам предлог за договор, беше средината на март и му го испратив на Хорхе Меси. Сепак, тие подоцна нè информираа дека враќањето сè уште не е можно и дека Меси оди во Интер Мајами. Тоа беше нивна одлука“, истакнува Лапорта.

Новинарот исто така сакаше да знае на кого се осврнува Чави кога призна дека сакал да продаде важен играч, чие име не го откри.

„Ова беа многу важни играчи. По сè што се случи во текот на таа сезона, се чинеше дека Чави не е задоволен од тимот. Го видов тоа, бидејќи се среќавав со него по секој натпревар. Тој постојано се жалеше на квалитетот на тимот, на судењето, што го прифативме и го посочивме неколку пати, исто како и сега. Но, проблемот беше што Чави веруваше дека тимот не е доволно конкурентен. Тој и неговите помошници многу се жалеа на тоа“, нагласи Лапорта.

Foto/ depositphotos

Share
Scroll to Top