По најнеуспешната сезона во клупската историја во последните 12 години, челниците на Баерн решија да направат сериозна реконструкција.
Тимот вее го напуштија Матијас Де Лихт и Нусар Мазрауи, а како што објавија германските медиуми, во тимот нема да биде ниту Леон Горецка (29).
Искусниот германски играч за врска не е во плановите на тренерот Венсан Компани и наскоро би можел да биде продаден. Горецка во Баерн пристигна пред шест години од Шалке како слободен играч.
Со клубот освои се што можеше, а одигра 221 натпревар и постигна 40 гола со 46 асистенции.
Според „Трансфермаркт“, тој вреди 30 милиони евра. Неговиот договор трае уште две години.