За малку од готово вересија, Костески во последната секунда погоди за победа на Македонија

За малку од готово вересија, Костески во последната секунда погоди за победа на Македонија

пред 3 часа

Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Романија со 24:23, во последното коло од Б групата. Македонија сигурно е трета во групата, се избори за полесен пат во квалификациите за Светското првенство, за да биде втора, Данска ќе мора да ја победи Португалија со 17 или повеќе голови разлика.

Во Хернинг, избраниците на Кирил Лазаров за малку ќе направеа од готово вересија, мечот го реши Никола Костески со гол на една секунда до крајот.

Македонија одлично влезе во натпреварот, не и дозволи на Романија гол во почетните 11 минути, но впечатокот е дека требаше да има поголем предност од 4:0.

И околу тие четири гола разлика се „вртеше“ натпреварот речиси до самиот крај. Имаше Македонија во вториот дел предност и од пет гола, но имаше и два периоди, од пет и шест минути без постигнат гол.

Упорните Романци, кои во втроиот дел ја сегнаа одбраната трпеливо ја топеа предноста, изедначија на 22:22 на три ипол минути до крајот, потоа и на 23:23 на осум секунди до крајот, но брзиот центар на Македонија даде резултат со голот на Костески.

Капитенот Кузмановски беше најефикасен со девет гола, четири постигна Костески,а по три Митев и Ѓоргиев. На спротивната страна Нистор постигна осум гола, а 40-годишниот голман Попеску, кој го одигра последниот меч за Романија, забележа 10 интервенции.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top