За Сампдорија, Д’Аверса е минато, конечно, доаѓа Станковиќ?

За Сампдорија, Д’Аверса е минато, конечно, доаѓа Станковиќ?

пред 3 години

Италијанските медиуми ги зголемија шпекулациите дека Сампдорија ќе го отпушти Роберто Д’Аверса по 1:3 поразот од Лацио, и дека веќе контактирале со тренерот на Црвена звезда, Дејан Станковиќ за агажман.

Популарните „блучеркијати“ загубија пет од последните седум меча во Серија А, и според „Скај спорт Италија“, претседателот Масимо Фереро решил дека Д’Аверса веќе е минато, и веќе контактирал со Станковиќ.

Ќе биде тешко да се убеди поранешната ѕвезда на Интер да го преземе тимот сред сезона, така што според „Калчомеркато“, алтернативен избор би бил поранешниот прв човек на Јувентус, Андреа Пирло.

Share
Scroll to Top